Детална метео анализа за следните денови

од Берта Китинска
205 прегледи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи, особено во првата половина од денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Утре и во четврток ќе има повремени врнежи од дожд. Температурите ќе бидат во опаѓање, особено во четврток кога ќе дува повремено силен северозападен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Слични содржини