ЗАРАЗЕНИ СТЕ СО КОРОНА, НО НЕ ЗНАЕТЕ КАКО ДА ИМ КАЖЕТЕ НА ЛУЃЕТО ОКОЛУ ВАС? Еве го решението!

од Vladimir Zorba
427 прегледи

Едно лице може да биде носител на Ковид-19 во рок од 48 до 72 часа од почетокот на првите симптоми. Ако откриете дека сте заразени со вирусот и сте биле во контакт со луѓе, еве го најдобриот начин да ги информирате.

„Близок контакт“ значи сите луѓе со кои сте поминале најмалку 15 минути во последните 72 часа од појавувањето на првите симптоми. Важно е веднаш да ги контактирате за да спречите понатамошна инфекција.

Дали сте забележале дека ги имате сите симптоми на инфекција и сè уште не сте биле на тестирање?

Во тој момент, сè уште е најдобрата опција да ги информирате сите со кои сте имале близок контакт, за да им дадете можност навремено да се грижат за своето здравје.

Како да го информираме семејството?

Кога ги информирате членовите на семејството, важно е да покажете емпатија и чувство на блискост, да им објасните како се чувствувате и да споменете дека се грижите за нив и за нивното здравје, да ги предупредите да обрнат внимание на симптомите и здравствената состојба.

Како да ги информирате колегите на работа?

Кажете им ги сите детали за вашата моментална состојба, причините зошто мислите дека сте заразени и како тоа може да се случи. Колку повеќе факти дадете, толку подобро. Покажете дека сте одговорни и се грижите за состојбата на вашите колеги. Бидете подготвени за најразлични коментари, но останете доследни до крајот и објаснете им дека сте ги контактирале веднаш штом се сомневате во можна инфекција.

Во меѓувреме, следете ги препорачаните мерки – држете се на дистанца, носете маска и избегнувајте собири, тоа е единствениот начин да се спречи ширењето на епидемијата.

Слични содржини