Французинка и Американка се добитнички на Нобеловата награда за хемија

од Aleksandar Petrovski
316 прегледи

Французинката Емануел Шарпантје и Американката Џенифер А. Даудна се добитнички на овогодинешната Нобелова награда за хемија за развој на метод за модификација на геном, техника позната како CRISPR, соопшти Кралската шведска академија на науките.

Тие развија таканаречени „молекуларни ножици“ кои можат да ги модифицираат човечките гени, што е револуционерен чекор напред.

Наградата им е доделена за развој на „метод за модификација на генот“ со алатка што може да го „преработи кодот на животот“, соопшти жирито во Стокхолм, објавувајќи ги победниците.

Французинката (51) и Американката (56) се шеста и седма жена кои добиле Нобелова награда за хемија од 1901 година.
Престижната награда е со златен медал и парична награда од 10 милиони круни, генерално над 1,1 милион долари.

Минатата година добитници на Нобелова награда за хемија се Џон Б. Гудинаф, М. Стенли Витингем и Акира Јошино за развој на литиум-јонски батерии.

Слични содржини