Шефот на кабинетот на градоначалникот на град Скопје, Никола Наумовски за 24 анализа истакна дека градот исчистил повеќе депонии во последната година и потребни се измени на правилникот и законот со кој за да добиеш градежна дозвола треба да имаш договор со депонијата.
-Град Скопје исчисти поголем дел од дивите депониикои постоеја во градот и тоа во последнава година, зборувам за дивата депонија во Ѓорче Петров, Карпош 4 крај Вардар, депонијата во Кисела Вода кај пругата и една мала мини депонија под Железничка во Аеродром и тоа е нашата најуспешна годината затоа што од диви депонии сме отстраниле 7.700 кубици отпад. Споредено со 2017 година кога се собрале само 835 е стапка од 10 пати. Јас би рекол се повеќе снемува депонии во Скопје отколку што се создаваат нови.
Едни те исти локации се расчистуваат на секои три-четири недели како на пример онаа под Кале. Во гррадот смислуваме начини како да ги превенираме тие појави, а не да ги санираме една по една затоа што не можеме да стигнеме да исчистиме онолку колку што граѓаните да создадат како отпад. Мора да смислиме начин да ги натераме оние депонирачи да го фрлаат отпадот во вистинските депонии. Ни треба измена на правилникот и законот со кој што за да добиеш градежна дозвола треба да имаш договор со депонијата. За тие работи иако има закон нема механизми како да се спроведат, рече Наумовски.