Амфилохије позитивен за коронавирус

од Vladimir Zorba
1,7K прегледи

Митрополитијата на Српската православна црква објавија дека митрополитот Амфилохије се наоѓа во Клиничкиот центар на Црна Гора, бидејќи е позитивен на коронавирусот, но дека се чувствува добро.

Претходните денови Митрополитот ги помина во домашна изолација и под постојан медицински надзор. Иако неговата општа здравствена состојба е сè уште добра (без значителни тешкотии), и тој лично се чувствува добро, тестот за Ковид-19 потврди дека епископот е заразен со овој вирус и токму од овие причини тој бил пренесен во КБЦ Подгорица, се наведува во соопштението.

Се додава дека митрополитот Амфилохије ќе биде сместен во КБЦ Подгорица, поради поповолни услови за лекување, сè додека трае инфекцијата, и дека општото мислење на лекарите е дека здравствената состојба на Амфилохије е целосно стабилна и под контрола.

„Ги повикуваме браќата и сестрите да се молат ревносно, полни со вера и љубов – како за брзо закрепнување на Митрополитот, така и за здравјето и напредокот на сите болни“, се вели во соопштението на МКР.

Митрополитот Амфилохије има 82 години и спаѓа во ризичната група.