457
Вчера на Јутјуб каналот Fenix A1 беа објавени два телефонски разговори кои ја откриваат политичката позадина на случајот со затворањето на А1 Телевизија.
Првиот разговор се води помеѓу екс премиерот Никола Груевски и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и тогашниот обвинител Љупчо Шврговски.
Од разговорот кој се слуша се открива дека целта на случајот “Пајажина” не била да се наплатат парите кои наводно ги должи А1 Тв тука дека главна цел на таа операција била затворањето на тој медиум.
Во вториот разговор се слуша дека и странци бараат објаснување за случајот со телевизија А1, а разговорот се води помеѓу Драган Павловиќ Латас и тогашниот директор на УЈП, Горан Трајковски.