Заев го прослави својот роденден во Брисел (ФОТО)

од Берта Китинска
361 прегледи

Премиерот  Зоран Заев вчера  го прослави својот 46 роденден во седиштето на НАТО во Брисел во друштво на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и министрите Радмила Шекеринска и Бујар Османи.

Заев добил чоколадна торта на која имало и свеќичка.

Премиерот е роден  на 8 октомври, 1974 година во Струмица.Во 1997 година, Заев дипломирал на Економскиот факултет на скопскиот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ каде што продолжил со постдипломски студии по монетарна економија и финансии.Зоран Заев е член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) од 1996 година, а од 2003 до 2005 година е пратеник во Собранието на Македонија.Оженет е со Зорица, со која имаат две деца, ќерката Александра и синот Душко.

Слични содржини