Не одам на протестите на ВМРО-ДПМНЕ зошто мислам дека немаат концепт и создаваат конфузија во членството. Доколку правиме протести тие да имаат цел, изјави Никола Попоски во Само интервју на Канал 5.
По сите природни текови на партијата Мицкоски беше природен наследник на чело на партијата. Би можел да бидам кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ но само по легитимен пат, смета Попоски.
Проблемот кај бугарскиот меморандум е дека тие одат на линија на помал отпор а факт е дека Бугарија се наоѓа во деликатна положба како членка на ЕУ во дел на правосудството. Бугарскиот став е сведен на тоа што “шлеперот” со архивски документи е во Софија и тие што сакаат може да покажат а што не, да сокријат бидејќи Македонија во тоа време немала држава, истакна Попоски.