Автофагијата е тренд во исхраната, кој стана масовно популарен, бидејќи многумина сметаат дека тоа е лесен начин за слабеење. Сепак, новото истражување покажува дека тоа не е така.
Седум години др. Итан Вајс, кардиолог на Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско (UCSF), експериментирал со автофагија.
Тоа е апстиненција од храна за одреден временски период во текот на денот – обично 16 часа. Овој метод на јадење стана масовно популарен откако студиите направени врз глувци покажаа дека може да биде ефективна стратегија за слабеење.
Самиот Вајс реши да ја испроба автофагијата, ограничувајќи ја сопствената диета на осум часа на ден. Откако виделе дека изгубил неколку килограми, многу од неговите пациенти го прашаа дали тоа може да функционира за нив. Во 2018 година, тој и група истражувачи започнаа клиничко испитување за проучување на автофагијата. Резултатите објавени во септември го изненадија.
Студијата открила дека „нема докази“ дека автофагијата всушност доведува до слабеење.
Луѓето на кои им било судено да јадат под строг осумчасовен прозорец секој ден, прескокнувајќи храна наутро, изгубиле во просек околу 2 килограми во период од 12 недели. Испитаниците кои јаделе во вообичаеното време на оброк, со дозволени закуски, изгубиле 1,5 килограми. Според истражувачкиот тим на UCSF, разликата не била „статистички значајна“.
„Влегов во ова со надеж дека ќе покажам дека функционира тоа што го работев со години. Но, штом ги видов податоците, застанав“, рече тој.
Почнувајќи од 2018 година, лекарот и неговиот тим регрутирале 116 лица со прекумерна тежина или дебелина. Сите учесници добиле вага и биле замолени да вежбаат како и обично.
Вајс сугерира дека плацебо ефектот може да предизвика губење на тежината кај обете групи: многу луѓе ќе обрнат поголемо внимание на она што го јадат при запишувањето во студија за исхрана, што значи дека е поголема веројатноста да изберат поздрава храна. Затоа, вели тој, читателите треба да бидат сè посомнителни за какво било истражување на исхраната без контролна група.
Истражувачите побарале помал процент од учесниците да дојдат на Универзитетот за да извршат понапредни тестови, вклучувајќи промени во процентот на маснотии, гликоза, инсулин и така натаму. Преку овие мерења, истражувачите откриле дека луѓето кои ги следат правилата за автофагија изгубиле поголема мускулна маса отколку контролната група. Вајс вели дека исходот не е конечен, но се надева дека ќе спроведе понатамошни студии. Потребни се и понатамошни студии за да се покаже дали автофагијата е безбедна за луѓето постари од 60 години или за оние со хронични заболувања како што е дијабетес.
Сепак, Вајс сè уште не е подготвен целосно да ја отпише автофагијата – неговото истражување им наложи на учесниците да ги прескокнуваат оброците наутро. Тој не ги проучувал ефектите кога станува збор за прескокнување оброци навечер.
Но, засега тој нема да им препорача автофагија на своите пациенти.
„Само слабеењето не значи дека на вашето здравје му се случуваат добри работи“, објасни тој.