Одговорајќи на новинарско прашања, премиерот на Македонија,Зоран Заев од Пробиштип порача дека ако Бугарија не ги смени ставовите, можеби ќе треба да се подготви народот дека ќе нема меѓувладина конференција во декември, а со тоа и нема да почнат преговорите на земјава со ЕУ.
-Разговорите меѓу министерката Екатерина Захариева и министерот Османи не беа баш добри. Тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, а најмалку европски и ако тоа така остане треба да го подготвиме нашиот македонски народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција која што ја очекуваме во декември, кажа Заев во Пробиштип.
Додава дека сме ја прифатиле заедничката историја со Бугарија но дека имаме и посебна историја и убеден е дека постојат решенија на проблемите.
– Ќе изнајдеме јас и мојот брат Бојко решение. Решивме пет историски личности и три историски периоди и верувам дека и овој следен четврти ќе го решиме, истакна Заев.