Хоџа: БЕСА нема проблем Алтернатива да стане дел од Владата

од Vladimir Zorba
237 прегледи

Министерот за земјоделство и генерален секретар на БЕСА, Арјанит Хоџа, во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ 21 изјави дека БЕСА како партија немаат проблем Алтернатива да се приклучи на парламентарното мнозинство и да стане дел од Владата.

Тој посочи дека за тоа ќе решава премиерот Зоран Заев, и дека за нив е важно да се реализира владината програма.

Алтернатива се оддели од БЕСА и настапи во коалиција со Алијансата за Албанците на последните парламентарни избори.

Хова не ја исклучи и можноста неговата партија да формира парламентарна група со ДПА на Мендух Тачи.