Редовното миење на рацете со сапун ја намалува веројатноста за инфекција со коронавирусот за 36 проценти, а оваа превентивна мерка игра клучна улога во борбата против Ковид 19, објави прес-службата на Руската агенција за фитосанитарен андзор (Роспотребнадзор).
„Според информациите на меѓународната организација „Глобално партнерство за миење раце“, миењето на рацете со сапун игра клучна улога во борбата против коронавирусот. На тој начин се уништува надворешната мембрана на вирусот и со тоа се отстранува“, се наведува во соопштението.
Миењето на рацете со сапун може да помогне во заштита од многу други заразни болести, вклучувајќи колера, ебола, САРС и хепатит Е. Покрај тоа, може да се намали бројот на акутни респираторни инфекции за 20 проценти, нагласила прес-службата.
Кога да ги миете рацете?
Рацете треба да се мијат пред и по употребата на опрема за лична заштита, по престојот надвор, пред подготовка и внесување на храна.
Од Роспотребнадзор истакнала дека тоа треба да се направи дури и по допирање на сурово месо и риба, одење во тоалет, кивање, посета на јавни места, грижа за болно лице, менување на пелени, чистење на просторијата, контакт со животни, пред спиење и во други случаи кога рацете се валкани.
„Најзаразениот“ предмет во канцеларијата
Главниот инфектолог на Министерството за здравство во близина на Москва, Ирина Шилкина, објавила дека најопасниот предмет во канцеларијата е компјутерската тастатура, поради присуството на микроби, кои се акумулираат на копчињата.
„Компјутерската тастатура е најзаразниот предмет, особено во канцеларијата. Поради фактот што е тешко да се одржува, малку луѓе го прават тоа. Затоа, на нејзее се акумулираат патогени бактерии, вируси, инфекции, меѓу кои може да биде и коронавирусот “, рекла таа.
Според Шиклина, пред да започнете да работите на компјутер и по крајот, треба добро да ги миете рацете, бидејќи бактериите што циркулираат во воздухот можат да се сместат на тастатурата. Таа истакна дека рацете мора да се мијат правилно – не помалку од минута и пол.
Во врска со ова, експертите во средата објасниле како да се заштити телефонот од коронавирус.
Според нив, секоја инфекција, не само Ковид-19, може да се појави на рацете, ако уредот не е правилно дезинфициран. Бидејќи телефонот е секогаш близу до луѓето, тие треба темелно да го чистат, како и рацете.
Денес е Светскиот ден на миењето на рацете се слави секоја година на 15 октомври.