Околу гласините дека претеници од помалите партии од Коалицијата „Можеме“ сакаат да преминат во ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Зоран Заев констатираше дека тие што го зборуваат тоа „си прават излет на мозокот“.
– За да добиете ви требаат албански партии, на која политичка основа, на укинувањето на трите договори, на создавањето на чиста Македонија… зборував пред две години, зборувам и сега, додека не ја променат менталната матрица во своето политичко делување ќе останат долго време опозиција, заклучи премиерот Заев.
Александар Николоски, потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Стар синоќа тврдеше дека со пратеници од коалицијата на СДСМ разговараат за ново парламентарно мнозинство.
– Во овој момент, еве ексклузивно има пратеници од коалицијата на СДСМ, кои што не се од Беса или од ДУИ туку од останати пратеници во рамки на коалицијата на СДСМ коишто веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство – истакна Николоски.