Николовски: Преку нас Бугарите ќе сакаат да си ја испеглаат својата историја

од Aleksandar Petrovski
226 прегледи

Во гостување на Само Вистина, новинарот Љубиша Николовски истакна дека за клучните работи во државата треба да има единство меѓу власта и опозицијата.

-ВМРО-ДПМНЕ треба да има значајна улога кога станува збор за државните интереси и приоритети на патот на Македонија кон ЕУ воедно и дома, решавајќи ги проблемите. ВМРО-ДПМНЕ може многу повеќе да постигне од она што сега го прави, работи ама незнам за чии интереси. Дали лично за некој дел од раководството, дали за други надворешни сили, тоа е теснопартиски интерес кој не дава на останатите граѓани кои се или не се приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ. Треба да има единство меѓу власта и опозицијата околу некои клучни работи.
Преку нас Бугарите ќе сакаат да си ја испеглаат својата историја. После Гоце Делчев ќе дојде и тоа. Ние ќе треба слично на Преспанскиот договор да ги остраниме од сите споменици она бугарски фашистички окупатор, изјави Николовски.