Калеска-Ванчева: Се надевам дека ќе постигнеме консензус за да може пратениците да работат онлајн

од Aleksandar Petrovski
195 прегледи

Во гостувањето на Телма, Снежана Калеска Ванчева од СДСМ истакна дека треба да се најде модалитет како Собранието ќе функционира во вакви вонредни околности.

-Бројките се високи и загрижувачки, но со оглед на она што го кажуваат здравствените работници апсолутно очекувано беше да има втор бран наесен бидејќи беше најавуван и од СЗО и од комисијата за здравство.Многу брзо откако се конституираше парламентот и владата СДСМ како мнозинство размислуваше и говореше за изнаоѓање начин на работа на Собранието во вонредни околности. Да најдеме модалитет и начин како да работиме во случај да дојде до нарушување на процесот на работење онака како што е предвидено. Да не бидеме ставени во ситуација Парламентот да не може да си ја извршува својата работа и пратениците да не можат да го работат она за кое се избрани. Се надевам дека ќе постигнеме консензус за да може да овозможиме онлајн да работат пратениците, смета Калеска-Ванчева.