Одложено рочиштето за „крвавиот четврток“, Ристовски и Вељановски во самоизолација

од Vladimir Zorba
187 прегледи

Денес се одложи рочиштето за случајот „27 април“ откако обвинетите во случајот Спиро Ристовски и Трајко Вељановски се во самоизолација. Тие се меѓу четворицата обвинети заедно со поранешниот министер Миле Јанакиески и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Обвинетите за организирање на „крвавиот четврток“ добиле решенија за самоизолација поради заразени со коронавирус во нивните семејства.

Позитивен на вирусот е и адвокатот на Ристовски.

Заради влошената слика со коронавирусот, адвокатите најавија дека од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ќе побараат протокол за одржување на судските рочишта.