Филипче сподели фотографија од состанок на ВМРО-ДПМНЕ од каде бараат негова одговорност

од Vladimir Zorba
453 прегледи

Министерот за здравство, Венко Филипче сподели фотографија од приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, на која не се почитуваат мерките пропишани за спречување на коронавирусот.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период бараат оставка од Филипче, поради зголемениот број на новозаразени и директно го обвинија за смртта на над 800 лица за време на пандемијата.

За четири дена имаме скоро 2.000 заразени, а Филипче тврдеше дека таа бројка на заболени ќе биде во текот на целата криза. Ова што се случува деновиве е фијаско на сите нивни политики. Филипче очигледно нема подготвено ниту еден соодветен протокол кој ќе помогне при справување со КОВИД-19. Погрешните и лоши политики на Филипче ја искачија Македонија на врвот во регионот, Европа и пошироко по новозаболени и починати од корона вирусот. Филипче додека се занимава со матни тендери и градење на згради граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со корона вирусот. Филипче поради својата неспособност носи на душа 815 починати лица. Филипче, оставка веднаш!, бара опозиционата партија.