Над илјада новозаразени со коронавирус во Бугарија, Хрватска и БиХ

од Берта Китинска
159 прегледи

Расте бројот на заболени лица во регионот, денеска на 1000 новозаразени лица со коронавирус се регистрирани во неколку земји

Босна и Херцеговина

Нови 1.179 случаи на инфекција со коронавирус беа потврдени во Босна и Херцеговина денеска, нов дневен рекорд и за прв пат по избувнувањето во март, бројот на земјата е повеќе од илјада.

Од четвртокот, тестирани се нешто помалку од три илјади примероци, а инфекцијата е потврдена кај 732 лица од Федерацијата БиХ и во 437 од Република Српска. Уште десет се заразени од областа Брчко.

Исто така, беше соопштена смртта на 14 лица за кои претходно беше потврдено дека се заразени со вирусот САРС-КоВ-2.

Бројките потврдуваат дека поголемите градови сè уште се местата каде што инфекцијата е најраспространета, со 209 нови случаи потврдени во Сараево заклучно со четврток, 129 во Бања Лука и 102 во Мостар.

Бугарија

Во Бугарија денеска се потврдени нови 1.595 случаи со корона вирус.

Починаа 16 лица, објавено е денеска на официјалниот портал за следење на состојбата со корона вирусот.

Тестирани биле 9.038 лица, од кои 17,65 отсто се позитивни на вирусот, пренесе БТА.

Досега во бугарија заболеа 34.930 лица, од кои 16.033 се активни случаи, а најмногу заболени има во Софија, Пловдив и Благоевград.

Во болница се 1.792 пациенти, од кои 112 на интензивна.

ДОсега во земјата од Ковид-19 починаа 1.064 пациенти.

Хрватска

Според официјалните податоци кои се објавени после 10 часот, во Хрватска за последните 24 часа се регистрирани 1867 нови случаи со Ковид-19, додека починале седум лица.

Вчера во Хрватска беа регистрирани 1.563 нови случаи на заразени со коронавирус, а починаа 13 лица.

Слични содржини