262
Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, упати апел до граѓаните, да престанат да го критикуваат здравствениот систем бидејќи и земјите кои имаат најдобро здравство имаат зголемен број на починати лица од Ковид 19.
„Во Словенија последниве 24 часа починаа 18 пациенти болни од Covid-19. Во Франција во последните 24 часа починаа 294 пациенти болни од Covid-19. И двете држави имаат меѓу најдобрите здравствени системи и пристап кон најдобрите лекови. ЗАТОА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КРИТИКУВАТЕ МАКЕДОНСКИОТ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ, ТУКУ БИДЕТЕ КРАЈНО ОДГОВОРНИ И СОВЕСНИ“, пишува Беќаровски.