Пожарникарите најавуваат секојдневни протести, Шилегов им возврати: Ќе примиме нови ако си заминете!

од Берта Китинска
327 прегледи

Скопските пожарникари се сретнаа со градоначаникот на град Скопје, Петре Шилегов  со барање во платата за октомври да биде внесен додатокот за опасност при работа.

Градоначалникот најави  дека се вршата законски  измени во пожарникарското работење и тие би требало да стапат на сила во јуни 2021 година.

-Ви се исплаќа сè што ви следува, ви овозможувам медијација за да ги добиете парите за ризик на работно место наместо да тужите еден по еден.Ако заминете, ќе има оглас, ќе примиме нови пожарникари, рече Шилегов.

За пожарникари платата која ја добиваат од 19.000 денари е понижувачка.

-Не сме задоволни од понудата на градоначаникот бидејќи овој закон можеше да се смени во изминативе три години.Ќе продолжиме со протестите пред Град Скопје,  секој ден ќе протестираме пред канцелариите додека трае работното време на градоначалникот, изјави Дејан Илиевски.

 

Слични содржини