277
Парите ќе бидат распоредени за вработените во ковид-центрите во Скопје и во болниците во внатрешноста на државата.
Со ребалансот на Буџетот, Владата издвои 54 милиони денари (речиси 880 000 евра) награда за здравствените работници кои се вклучени во третманот на пациенти заболени со ковид-19, потенцира Министерството за здравство.
„Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот ремдесивир, за набавка на вакцини, за тестови за ковид-19 и за потребите на јавните здравствени установи“, велат од МЗ.
Предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан во наредните денови.