Дали затнат нос е симптом на КОВИД? Еве што велат експертите!

од Stefanija Kuzmanovska
279 прегледи

Кога ќе поминат топлите денови, сите знаеме што веројатно следи – затнат нос. Оваа година, овој добро познат феномен може да биде причина за загриженост, со оглед на пандемијата на КОВИД-19.

Факт е дека течење на носот и затнат нос се наведени како симптоми на коронавирус, според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, но според др. Нехе Виас од клиниката Кливленд во Охајо не се смета за најчест симптом. Па, колку треба да бидеме загрижени ако носот ни тече, ако е затнат и ако киваме?

Засега нема податоци за тоа колку заразени лица го имаат овој симптом, но Светската здравствена организација вели дека тие постојат. На самиот почеток на пандемијата, тие ги објавија резултатите според кои 4,8 пациенти во Кина исто така го пријавиле овој симптом. Бројката е многу пониска од симптомите како што се треска (87,9%), сува кашлица (67,7%) и замор (38,1%).

Како и многу симптоми на коронавирус, затнат нос не е специфичен симптом, што значи дека може да биде поврзан со голем број болести. Особено е важно да знаеме во време кога сме загрозени од грип и алергии, но и настинка, пренесува.

Д-р Виас објаснува дека ако некој пациент дојде кај неа со затнат нос, прво проверува дали пациентот има и други симптоми на КОВИД, покрај општата здравствена состојба.

„Важно е да не се прават заклучоци без да се провери, така што секој лекар ќе праша дали има симптоми на алергија и дали ги има истите проблеми секоја година кога ќе дојде есента“, додава.

Покрај тоа, вашите животни навики играат голема улога. Ако ги игнорирате упатствата за дистанцирање, не носите маска и не ги миете рацете, тест за коронавирус треба да биде следниот чекор, заклучи др. Виас. Меѓутоа, ако сте еден од оние што ги следат препораките, вашиот матичен лекар веројатно нема веднаш да ве посоветува да бидете тестирани за коронавирус.

 

Слични содржини