Министерото за здравство Венко Филипче повотрно го потенцираше значењето на носење маски во време на пандемија и загаден воздух.
„Маската штити од ковид-19, настинки и од аеро загадувањето. Кога се спортува маска не треба да се носи, но на отворено при контакт со група на луѓе кои поради кашлање и кивање може да се влезе во близок респираторен контакт. Во овој случај маската штити од трансмисија на вирусот. Да ги почитуваме мерките, така го штитиме сопственото здравје и на здравјето на сите околу нас“, пишува на својот Фејсбук Филипче.
Воедно од МЗ упатија уште еднаш апел до граѓаните да носат заштитни маски.
Апел до сите граѓани: Носете маска за да ги заштитите своите блиски, за да покажете почит кон здравствените работници и да го чувате јавното здравје. Носењето заштитна маска е засега наједноставен и најсигурен начин за заштита од КОВИД-19. Под слоганот #НосамМаска заедно со Владата на Република Македонија започнуваме кампања за носење маски со цел поддршка на Законот и подигнување на свеста на граѓаните од важноста на почитување на оваа мерка, објави на фејсбук страницата, Министерството за здравство на Република Македонија.