Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, денеска изјави дека кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот покажа дека Балканот е „мал, дека имаме слични проблеми, затоа ни требаат слични решенија и мора да продолжиме да работиме во таа насока“.
На видео-панелот на Европското движење во Србија „Поврзување за време на пандемијата: закани и можности“, во кој учествуваа и претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, Заев рече дека властите во Србија, Албанија и Северна Македонија работат заедно за да ги решат заедничките проблеми.
„Оваа криза предизвикана од пандемијата ни покажа дека подобра поврзаност и поголема доверба се секогаш корисни за нашите земји“, рече Заев, потенцирајќи дека очекува наскоро да се отворат границите меѓу трите земји и дека граѓаните ќе можат да ги преминат без ПЦР тестови.
За пет години, Заев ја гледа Северна Македонија во рамките на заедничкиот регионален пазар, а можеби и како полноправна членка на ЕУ и верува дека „младите се најважната алатка за идна соработка во регионот“.
„Нашата цел е да воспоставиме четири слободи (движење на стоки, луѓе, услуги и капитал) и европски вредности во регионот, така што младите луѓе доаѓаат од други региони за да најдат придобивки и добар квалитет на живот, а не да мигрираат од тука во други земји во Европа. рече Заев.