Филипче: Брзите тестови се најнова технологија со која за 15 минути се добива резултат

од Берта Китинска
159 прегледи

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека денеска се пристигнати дел од 13те илјади брзи тестови кои ќе бидат бесплатни за граѓаните.

„Денеска пристигна дел од 13те илјади брзи тестови. Тие се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид-19. Тестовите се бесплатни за граѓаните, а истите ќе бидат распоредени низ 13 болници во државата. 3000 тестови пристигнаа денеска, а останатиот дел од тестовите ќе биде испорачан до среда“, соопшти Филипче.

Слични содржини