Израелскиот амбасадор во Тирана: За неколку недели ќе ги признаеме Косово и Метохија

од Stefanija Kuzmanovska
545 прегледи

Израелскиот амбасадор во Албанија, Ноа Гал Гентлер изјави дека неговата земја ќе го признае Косово за неколку недели, пренесува „Зери“.

„Почнаа преговорите меѓу Израел и Косово, но и меѓу Израел и Србија. Ќе бидат потребни уште неколку недели за да се постигне договор и ќе следи отворање на амбасадите на Косово и Србија во Ерусалим“, рече Гентлер.

Запрашан зошто е толку важно Израел да го признае Косово, тој рече: „тоа е прашање што бара одговор од народот на Косово, но ние имаме симпатии кон албанскиот народ“.

„Ние мора да дадеме се од себе за да им помогнеме на вашиот народ. Ние го сторивме тоа без признавање во минатото, но со признавање ќе биде полесно“, рече Гентлер.

Тој додаде дека верува дека може да се изградат мостови во економијата, образованието и културата.