По вечерашниот напад во Виена во кој, според последните информации, загинаа 7 лица – се огласи и францускиот претседател Емануел Макрон.
Тој на својот официјален профил на Твитер изјави дека ги споделува шокот и тагата со Австријците.
„Ние, Французите, го делиме шокот и тагата на Австријците по нападот во Виена. По Франција, пријателска земја е нападната. Ова е наша Европа. Нашите непријатели мора да знаат со кој имаат работа. Ние нема да попуштиме пред ништо“, рече Макрон.