Синот на Трамп објави фотографија на која КОСОВО Е ДЕЛ ОД СРБИЈА! (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
445 прегледи

Синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Доналд Трамп Јуниор, денес објави слика на мапа со која се предвидува резултатот од електронските избори, односно како сите земји во светот би гласале на изборите во САД, што покажува дека Косово е дел од Србија.

„Добро, конечно успеав да направам мапа за предвидување на резултатот по електронски пат на изборите“, напиша Трамп Јуниор во објавата на својот профил на Твитер.

Синот на американскиот претседател објави слика на мапа на светот на која се гледа дека Косово е дел од Србија.

Според Трамп Јуниор, скоро сите земји во светот, освен Кина, Индија и Мексико, би му дале електронски гласови на Доналд Трамп.