На Трамп му треба победа во четири од овие пет држави за да остане претседател

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска прогласи победа на претседателските избори во САД, но за таа да биде официјална, тој треба да освои 270 гласа од Изборниот колеџ. Според официјалните проекции и податоци, Трамп во моментов има 213 гласа. Неговиот противник Џо Бајден има повеќе, и се чини и водство во една од клучните земји – Висконсин.

Со 238 изборни гласови наспроти 213 гласа на Трамп, доколку Бајден го задржи водството во Невада, тој дефинитивно ќе ги освои Висконсин и друга држава – Северна Каролина (15 гласачи), Џорџија (16), Мичиген (16) или Пенсилванија (20), тој ќе биде новиот американски претседател.

За разлика од него, Трамп мора да победи во четири држави за да биде претседател на Америка по втор пат. На Трамп му требаат гласовите на гласачите во Пенсилванија (20), Висконсин (10), Мичиген (16), Џорџија (16) и Северна Каролина (15) за уште четири години во Белата куќа.

Трамп, кој ја освои Флорида и со тоа се стекна со психолошка предност, сега е во неволја затоа што, според првите резултати, Бајден води во Висконсин.

Трамп води во Мичиген. Врз основа на преброени 83 проценти од гласовите, Трамп има тесна предност од 49,8 спрема 48,5 проценти од гласовите за поддршка на Бајден. Демократскиот кандидат беше масовно поддржан од гласачите во округот Вејн, на кој припаѓа Детроит.

Поради комплицираниот изборен систем, односно броење на предвремени гласови и гласови испратени по пошта, сè уште се чекаат првите официјални резултати и проекции од следните земји: Алјаска, Аризона, Џорџија, Мичиген, Мејн, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин.

Таканаречените „северни“ држави – Мичиген, Висконсин, Пенсилванија, објавија дека ќе ги имаат првите резултати подоцна во текот на денот.