Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев преку видео обраќање го честиташе Меѓународниот ден на ромскиот јазик, 5 ноември. Притоа обрна внимание на два клучни моменти.
Едниот е признавањето на важноста на ромскиот јазик и поддршката на Ромите во нивната социјална инклузија и учество во развојот на нашата заедница.
А другиот е дека во 2019 и почетокот на 2020 година се издадени 1.000 примероци на македонско – ромски речник и 800 примероци на Граматиката на современиот ромски јазик од авторот Латиф Демир.
Во продолжение Ви го пренесуваме интегралното обраќање на премиерот Зоран Заев во целост: