Шилегов: Инсистирам да имаме дефиниција на работното место пожарникар

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска побара да се направи дефиниција на работното место пожарникар, кое во моментов законски го нема и токму заради тоа се различните диспаритети и токму заради тоа се различните нивоа на плати во различни општини.

– Она што јас мислам, е дека треба како и секое работно место во рамките на јавниот сервис да биде дефинирано за луѓето да знаат кои се нивните права, нагласи Шилегов.

Во однос на барањата на пожарникарите истакна дека им е дадена опција во смисла на носење на правилник со цел системско решавање, за што треба да се изјаснат наредната недела.

– Медијацијата којашто јас им ја понудив на пожарникарите е всушност да се забрза реализацијата на нивното право без при тоа да се изложуваат непотребно на трошоци. Сега го чекам фидбекот. Очекувам првата спогодба којашто ќе се случи да им покаже на вработените во Противпожарната бригада во Скопје дека тоа е подобриот и побрзиот и поедноставниот начин на надминување на проблемот, потенцираше Шилегов.

Слични содржини