Директорот на ФИТР позитивен на корона

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Директорот на ФИТР, Јован Деспотовски на својот Фејсбук профил соопшти дека вчера доцна вечерта добил позитивен тест на Ковид-19. Додаде дека се чувствува добро, и дека од својот дом ги врши сите тековни активности и обврски.

„Благодарам за грижата на семејството, матичната лекарка, како и огромниот број пријатели кои се нудат за помош во овие моменти.

Истовремено, би сакал да нагласам дека според сите протоколи, ФИТР ќе продолжи да функционира непречено бидејќи од самиот почеток во Фондот се работи во различни смени и во огромна мера дигитално, односно без дополнителни физички контакти. Како и секој пат кога се појавило сомнеж, а според препорака на епидемиолозите ќе биде спроведено тестирање за вработените, како и преземање на мерки за изолација секаде каде што ќе биде тоа препорачано.

Поддршка за сите кои во моментов се борат со вирусот. Ќе успееме заедно! Сите други чувајте се и останете во добро здравје!“, истакна Деспотовски.

Слични содржини