Бугарите нема да ги промениме јасни се нивните позиции, единствената можност од овој таканаречен ќор сокак е Договорот за пријателство и соработка, вели поранешниот македонски премиер Владо Бучковски во „Топ тема“ на Телма.
-Добро е што владата последните три дена со Германија се обиде да изнајде формулација која ќе биде прифатлива за Бугарија за да се започнат преговорите. Ние знаевме со кога си имаме работа затоа се потпиша и Договорот за добрососедство.Кога ќе се си претседател на владата, министер за надворешни или претседател на државата си избран да ги решиш проблемите. Овие се проблеми со децении оставени од предходниците, ни во минатото не биле променети околностите. Единствената шанса за да најдеме излез е Договорот за пријателство и соработка. Бугарите нема да ги промениме јасни се нивните позиции, единствената можност од овој таканаречен ќор сокак е Договорот за пријателство и соработка и она што тие го споменуваа е нивната декларација, вели Бучковски.