Заев до Солунскиот самит: Градиме цврсти релации со соседите, со земјите од Западен Балкан и Европа

од Берта Китинска
320 прегледи

Пораки за добрососедство, афирмација и негување на европските вредности, денеска упатија премиерот Зоран Заев, заедно со премиерите на Грција и Албанија, Кирјакос Мицотакис и Еди Рама, на петтиот виртуелен „Thessaloniki Summit 2020″.

„Градиме цврсти релации со соседите, со земјите од Западен Балкан и Европа. Сето тоа го демонстрираме и на дело, делејќи ги европските вредности преку имплементацијата на структурните економски реформи, владеење на правото и борбата против корупција, во насока на градење на просперитетно општество“, вели Заев.

Слични содржини