Се рушат рекорди, коронавирусот се шири низ земјава

од Берта Китинска
250 прегледи

Расте бројот на заразени, се полната болничките капаците.Вчера беа регистриран 1.275 нови случаи на Ковид-19 .

9 приватни интернисти ќе помагаат на државните клиники во борбата со ковид-19
Од 56 приватни интернисти само девет прифатиле да помагаат на своите колеги во државните болници кои лекуваат пациенти со ковид-19. Тие чекаат распределба во државните болници.

Претседателот на здружението на лекари интернисти, Александар Манолев, за телевизија 24 вели дека причинатаза малиот број на пријавени е што дел од лекарите веќе имаат премногу пациенти, а голем дел од нив се и во поодмината возраст.

Пред две недели министерот за здравство Венко Филипче ги повика на средба интернистите, бидејќи државата кубури со лекари, а и оние кои се ангажирани веќе се на крај со силите.

На респиратор се 13 лица

На респиратор се 13 од вкупно 888 хоспитализирани пациенти кои се заразени или суспектни на ковид-19. Со денешните новозаразени со коронавирус, бројката на активни случаи во земјава стигна до 12 762, од кои најмногу се во Скопје, односно во општина Аеродром.

Сите 13 пациенти на респиратор се во ГОБ „8 Септември“, каде што има 9 приеми во последните 24 часа, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. Според дневните податоците за состојбата со ковид-19 во земјава, пред само два дена на респиратор беа тројца пациенти.

АРМ на помош

Од вчера во помош со кадар и опрема се вклучува и АРМ. Претседателот и Врховен командант Стево Пендаровски нареди и медицински лица од Армијата да се ангажираат во работата на здравствени установи. Војската ќе помага и во поставување шатори и друг вид сместувачки капацитети наменети за лекување на заболените лица.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 36 372, бројката на оздравени пациенти е 22 526, на починати е 1 084, а бројот на активни случаи изнесува 12 762.

Слични содржини