Чуканов: С. Македонија не е само „шарска плескавица“ и „тиквешка ракија“

313 прегледи

Бугарскиот историчар, Кирил Чуканов, смета дека позицијата на Софија во регионот ќе биде ослабена значително, ако се случи фијаското во кое Република Бугарија ќе го блокира патот на Северна Македонија кон Европската Унија.

„Блокирањето на преговорите на Северна Македонија од страна на Бугарија ќе биде една голема грешка, со оглед на фактот дека таквиот исход ќе им наштети на бугарските национални интереси, а и на долг рок ќе ја ослабне позицијата на Република Бугарија во регионот“, вели Чуканов.

Во својата колумна за факти.бг тој посочува дека ставот на Бугарија сепак не го доведѕва во прашање постоењето на македонската нација, а вклучително го зацврстува и македонскиот идентитет.

„Не можеме да бидеме браќа со сила. На сила нема убавина. Ако сакаме нашите браќа и сестри во Северна Македонија да бидат рамноправни со нас, дојде време и ние да ги третираме рамноправно.Ова не е игра за мали деца, кои треба да се сакаат без притоа да сносат одговорност за своите дејствувања“, додаде Чуканов.

Чуканов потецнира и дека Северна Македонија се состои од нејзините луѓе, кои едноставно одбиваат да се дефинираат надвор од „антибугарскиот наратив“, а не е државата само шарската плескавица,  тиквешката ракија и магијата на Охридското езеро. За жал, него, актуелните настани не одат во прилог на зближување на двете земји.

 

 

Слични содржини