Ќе се спроведат широки испитувања во Велика Британија за да се процени ефективноста на аспиринот како можна терапија за Ковид-19.
Пациентите инфицирани со корона имаат зголемен ризик од згрутчување на крвта како резултат на хиперактивни тромбоцити одговорни за згрутчување на крвта, а аспиринот е антитромбоцитен лек што ја намалува можноста за згрутчување на крвта, сподели сајтот „Recovery trial“.
Еден од водачите на тимот што го спроведува истражувањето, Питер Хорби, изјавува дека постојат јасни индикации дека апсиринот може да биде корисен во третманот на пациенти заразени со коронавирусот.
Тој посочи дека аспиринот е безбеден, ефтин и широко достапен лек, пишува лондонски „Гардијан“.
Најмалку 2.000 пациенти ќе примаат 150 мг аспирин на ден покрај вообичаената терапија, а податоците добиени на овој начин ќе се споредат со податоците добиени од најмалку 2.000 други пациенти кои примаат стандардна терапија – антибиотикот азитромицин и коктел од антитела произведени од компанијата „Регенерон“.