Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џозеф Бајден, своевремено го споредил сега поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи со Џорџ Вашингтон.
Имено, за време на состанокот меѓу Бајден, тогашен потпретседател на САД и Тачи, тогашен премиер на Косово, во јули 2010 година во Белата куќа, Бајден истакнал дека Тачи е „косовскиот Џорџ Вашингтон“.
Сепак, ниту минатото на Тачи, кое сега е предмет на обвинението на Хашкото обвинителство, ниту годините по тој состанок, не ги потврдиле проценките и наводите на Бајден, пишуваат српските медиуми.
Имено, како што е наведено во изјавата на кабинетот на Тачи за таа средба, Тачи изразил голема благодарност до САД за неговиот придонес во „ослободувањето и независноста на Косово“.
Тачи исто така изразил верување дека по Мислењето на Меѓународниот суд на правдата, во 2010 година се појавил нов бран на признавање на Косово со оценка дека независноста на Косово донела повеќе мир, стабилност и развој во регионот.
Бајден го убедил Тачи дека независноста на Косово е неповратна за САД и дека територијалниот интегритет на земјата останува неприкосновено.
Тој изразил голема почит кон посветеноста на косовската влада за владеење на правото, нивната решителност во бескомпромисната борба против корупцијата и организираниот криминал, одржливиот економски развој, почитувањето на правата на заедницата и другите развојни процеси, пренесува Танјуг.