Филипче: Дури 75% од сите случаи на Ковид-19 се асиптоматски, носете маска

од Vladimir Zorba
378 прегледи

Дури 75% од сите случаи на Ковид-19 се асиптоматски, односно немаат симптоми. Тоа значи дека тие може да го пренесуваат вирусот без воопшто да бидат свесни за тоа, сподели вечерва министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.

– Затоа е важно сите да носиме маски и да бидеме сигурни дека и асимптоматските носители не го шират вирусот. Со носењето маска се штитиме себе, но пред сѐ другите.

Личната одговорност и свесност е клуч во борбата со пандемијата, а маските докажано се успешни во спречувањето на ширење на вирусот, додава тој.

Во последните 24 часа се направени 3404 тестирања, а регистрирани се 1.285 нови случаи на Ковид-19, 14 починати и 176 оздравени лица.

Слични содржини