Во случај Доналд Трамп да не го признае поразот и достоинствено да ја напушти Белата куќа, на располагање има неколку опции.
Поднесување тужба
Доналд Трамп може да поднесе тужба за да се обиде да ги запре ливчињата што пристигнаа предоцна и ливчињата што се проверуваат доцна (т.н. „curing“). Тоа е практика во која гласачите можат да ги посетуваат избирачките места за да ги решат сите проблеми што се појавиле како резултат на гласање преку пошта или проблеми поврзани со, на пример, заборавањена лична карта за гласање. Трамп би можел да покрене тужба дека тие гласови што пристигнале доцна да не се земат во предвид, но прашање е дали тоа воопшто би му помогнало.
Повторно броење
Пребројувањето може да се случи ако победата е со мала разлика и ако некој (кандидатоткој изгубил, гласач, група гласачи или друга партија со интерес) побара пребројување. Во 39 држави кандидатот може да побара пребројување на гласовите, а во 12 од нив разликата меѓу кандидатите мора да биде поголема од одреден процент за да може кандидатот да го побара тоа (Делавер, Џорџија, Мисури, Монтана, Њу Хемпшир, Северна Каролина, Северна Дакота, Јужна Дакота, Тексас, Јута, Вермонт и Вирџинија). Аризона и Тенеси дозволуваат пребројување на гласовите само со судска наредба. Во Масачусетс и Пенсилванија, пребројувањето мора да биде побарано од петиција потпишана од голем број регистрирани гласачи.
Започнува автоматско пребројување
Автоматското пребројување стапува на сила во 21 држава ако разликата помеѓу двајцата кандидати е премала. Секоја држава утврдува своја разлика, но најчесто разликата треба да биде поголема од 0,5 проценти помеѓу двајцата кандидати.
Вклучување на Министерството за правда
Луѓето на Трамп може да се обидат да одат кај јавниот обвинител Вилијам Бар и да го замолат да го вклучи Министерството за правда за да започне истрага за наводни изборни нерегуларности. Адвокатската канцеларија на Трамп веќе испратила писмо до Бар, во кое се жали на исходот во Невада, но досега немало одговор од Бар и од Министерството.
Да се изнуди изборот да падне во Претставничкиот дом
На Трамп во овој момент му одговара резултатот да биде нерешен (269-269), бидејќи во тој случај, претседателот го бира Претставничкиот дом. Иако мнозинството го држат демократите, претседателот е избран според делегациите на секоја сојузна држава. Републиканците имаат 27 делегации, демократите 22 и 1 е нерешено. На победникот му требаат 26 гласа.
Да предизвика криза во Изборниот колеџ
Ако тужбите се неуспешни и судот ги отфрли, Трамп е оставен да влијае на Изборниот колеџ што ќе се состане на 14 декември кога избирачите официјално избираат претседател и потпретседател. Во 17 држави, избирачите би можеле да се одметнат и да гласаат за кандидат кој не добил мнозинство гласови во таа држава, со што ќе се направи пресврт во резултатот.