Вкупниот број на заразени со коронавирус во светот вечерва надмина 50 милиони, покажуваат податоците на веб-страницата на „Worldometers“.
Во исто време, 1,25 милиони луѓе починаа како резултат на „Ковид 19“.
Од почетокот на пандемијата, опоравени се 35,48 милиони луѓе.
Во моментов има околу 13,3 милиони активни случаи ширум светот.
Најголем број на заразени сè уште има во САД, повеќе од 10 милиони, а повеќе од 243.000 починале.
Следи Индија со 8,5 милиони заразени и 126.134 мртви, Бразил со 5,6 милиони заразени и 162 053 мртви.