Лејен го повика Бајден за обнова на соработката

од Vladimir Zorba
362 прегледи

Претседателот на Европската комисија Урсула фон дер Лејен му го честиташе изборот на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски држави и го повика да ја обноват соработката и лидерството во областа на глобалните предизвици и можности.

„ЕУ и САД се пријатели и сојузници. Нашите граѓани ги споделуваат најдлабоките врски. Затоа, изборот на претседател на САД е важен момент и од оваа страна на Атлантикот. Сега е јасно дека 46-от избран претседател е Џо Бајден. Му честитам на него и на потпретседателката Камала Харис за победата“, рече Лејен во видео пораката.

Фон дер Лејан забележува дека Соединетите држави и ЕУ изградиле „невидено пријателство“ засновано врз заедничка историја и споделени вредности на демократија, слобода, владеење на правото, почитување на човековите права, социјална правда и отворена економија.

„Нашето партнерство ги поддржуваше законите на меѓународното право со децении и останува столб на стабилност, безбедност и просперитет на двете страни на Атлантикот. Светот продолжува да се менува и нашето обновено партнерство ќе биде клучно“, рече фон дер Лејен.

Таа ги посочи очекувањата дека заедно со новиот американски претседател ќе работи на решавање на глобалните предизвици како што се пандемијата на коронавирус и нејзините последици, климатските промени, дигитализацијата, глобалната безбедност и реформата на мултилатералниот систем.

Слични содржини