Секој трет тестиран е позитивен на корона, Филипче предупредува дека состојбата е критична

од Берта Китинска
226 прегледи

Вчера беше регистриран најголемиот број на починат 26 лица во еден ден од почетокот на ковид-кризата.

Половина од корона позитивните се од главниот град.Најкритично е во Гази Баба , Аеродром, Карпош , Центар и Кисела Вода.  Забрзано расте и бројот на болни во Прилеп.Трендот на повеќе од 30 проценти позитивни од тестираните неделава , или дека секој трет кој се тестирал е позитивен на корона  ја искачи бројката близу 15 000 активни случаи во Македонија.

Министерот за здравство, изјави  дека ситуацијата е критична, граѓаните да внимааваат, но без најава за дополнителни мерки против ширење на вирусот.

Филипче до граѓаните славите да ги прославуваат во кругот на најблиските.

-Славите и празниците кои се пред нас, оваа година да ги прославиме само со најблиските. Следниве неколку месеци се најинтензивни во ширењето на ковид-19. Токму поради тоа, потребна е нашата максимална одговорност за сопственото здравје, но и грижа за здравјето на нашите најблиски. Во наредниот период, да не се групираме по домовите и да си помогнеме сите заедно побрзо да излеземе од корона кризата. Сега е потребно да ги почитуваме мерките за заштита, а наредната година ќе прославиме согласно традицијата. Помогнете ни, за сите нас, порача Филипче.

Точната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39 760, бројката на оздравени пациенти е 23 035, на починати 1 136, а бројот на активни случаи е 15 589.

Слични содржини