Министерката за одбрана Радмила Шекеринска од Армискиот полигон „Криволак“ информираше дека професионални војници кои се уште работат во Министерството за одбрана ќе бидат вклучени за директно обезбедување во редарската служба во болниците.
-Професионалните војници ќе бидат првата линија на поддршка. Тие нема да бидат ниту униформирани, ниту вооружени но ќе обезбедат ред и информации за граѓаните.Согласно одлуката на претседателот, Армијата има различни и задачи, да обезбедуваа медицинска поддршка со медицински сили. ВБЦ отстапува еден дел од својот состав и персонал за земање брисови, за епидемиолишки анализи, во поддршка на други институции за транспорт, изјави Шекеринска.