Македонија останува посветена на Договорот за добрососедство, но непринципиелните барања на Бугарија нема да бидат прифатени

од Vladimir Zorba
470 прегледи

Владата останува на својот став дека нема да има компромис за македонскиот идентитет и јазик и не планира да преговара за нив со соседна Бугарија. Оттаму посочуваат дека и понатаму остануваат отворени за дијалог, како и за доследно спроведување на Договорот за добрососедство, кој подразбира соработка, пријателство и придонес на источниот сосед кон евроинтеграциите на државава. Сепак со негирањето на она што е „најсвето“, нашите соседи го поткопуваат Договорот, а истовремено застануваат и против заложбите и вредностите на ЕУ.

Во написот на „Политико“ денеска пак се наведува дека доколку Бугарија, изолирана како што е досега, продолжи со својот бескомпромисен став, ќе ја загуби добрата волја што ја ужива меѓу земјите членки. Медиумот се повикува на дипломат кој изјавил дека бугарските насилни тактики може да функционираат во решавањето на проблемите во подземјето на Софија, но се чини дека се крајно несоодветни на ниво на ЕУ. Тоа, наведува „Политико“, ја нарушува целта на германското претседателство со ЕУ за продолжување на процесот на проширување оваа година.

Нејасно е зошто сега Бугарија ги отвора овие прашања и со каква цел? Зошто сега ја блокираат земјава и не прифаќаат билатералните спорни прашања да се решаваат во иднина, откако овие два процеса може да течат истовремено.

Власта во земјата, која во последниве неколку месеци ја тресат големи протести и внатрешно незадоволство, се чини е останата сама и во Европа во своите намери за блокада. Многумина европски преставници не се согласуваат со ветото на Бугарија и се сомневаат во нејзините причини. ЕУ го почитува правото на секоја земја на самоопределување, никој не го негира постоење, идентитетот и јазикот на Македонците, па се чини дека ваквата политика на Бугарија носи штета на сите вклучени страни, но и на самата Унија.

Македонија останува посветена на договорот од 2017-та и на регионалната соработка, но непринципиелните барања на Бугарија нема да бидат прифатени.

Нашиот источен сосед и понатаму ќе остане изолиранана во своите барања. Тие имаат право на унилатерална изјава, но без да го кршат консензусот во ЕУ. Ваков став сепак можеше и да очекува, ако се следат изјавите на лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов и првиот дипломат Екатерина Захариева во последните месеци, кои беа далеку од добрососедски и проевроспки.

Аргументите сепак одат во полза на С. Македонија и затоа никој нема да прифати барањата и да ги надмине „црвените линии“ со кои се бара еден народ да се негира самиот себе, па макар тоа било и за долгорочната, стратешка цел – членство во ЕУ.