Хоџај: Почна процесот против слободата на Косово

од Stefanija Kuzmanovska
409 прегледи

Вршителот на должноста претседател на Демократската партија на Косово, Енвер Хоџај, изјави дека со денешното судење на Хашим Тачи е инициран процес против слободата на Косово.

Хоџај на Фејсбук напиша дека денес во Хаг не започна судењето против Хашим Тачи, туку судење против слободата на Косово, независноста, жртвите на косовскиот народ и ослободителната војна.

„Нашата одбранбена војна ја водеше народот на Косово. На народот на Косово му се суди таму. Хашим Тачи водеше битки до денес, онаа за слобода, за независност, за градење на држава. Ова е следната и не последна битка од која Хашим Тачи повторно ќе излезе како победник. Косово ќе биде победник“, напиша Хоџај.

Поранешниот портпарол на УЧК, Јакуп Красниќи, и поранешниот директор на политичката администрација на УЧК, Хашим Тачи, денеска за прв пат беа изведени пред Специјалниот суд во Хаг.

Припадник на Генералштабот на ОВК, Кадри Весели, утре ќе биде изведен пред судот, додека за среда е најавено појавување на поранешниот припадник на Генералштабот на УЧК, Реџепи Селими.