Поранешна најдобра пријателка на Кардашијан: „Канjе и го испра мозокот на Ким“

од Vladimir Zorba
369 прегледи

Ларса Пипен, поранешна најдобра пријателка на Ким Кардашијан, тврди дека Канје Вест го испрал мозокот на сопругата, но и на остатокот од семејството.

Ларса тврди дека не сторила ништо за да предизвика расправија со Ким и дека Канје ја свртел поранешната пријателка против неа кога го блокирала бројот за да не се јавува секое утро.

„Канје буквално го переше мозок на целото семејство за сите да мислат … Јас дури и не знам што. Толку многу зборуваат за тоа дека сум таква и таква, мислам дека тој не веруваше на никој што беше покрај Ким“, убедена е Ларса.

Таа додаде дека Канје и се јавувал во четири, пет, шест наутро и таа му кревала слушалка.

„Го слушав. Му реков дека го сакам, дека е најдобар, дека работите ќе се подобруваат. Јас бев личноста што ја повикуваше кога не беше среќен. И што се случи? Можеби сето тоа се случи затоа што го блокирав, не можев повеќе да разговарам со него. Не можев, тој ме исцрпи. Го блокирав. Очигледно, тоа го вознемири. Тогаш почна да бидам јас ваква и таква. Сите се поведоа по него. Ако такалесно се подведувате, тогаш баш ми е гајле за вас“, рече таа.

Таа додаде дека била повредена, особено затоа што верува дека не е виновна за ништо.

„Јас бев нивна најдобра пријателка“, додаде таа.

Посочи дека сфаќа дека Ким го сторила она што сметала дека е најдобро за нејзиното семејство и врската со нејзиниот сопруг.

„Те сакам, ние бевме најдобри пријателки, минувавме низ сè заедно. Никогаш не би направила нешто што би ја загрозило нашата врска, бидејќи бевме како сестри, како семејство. Но, ако треба да ме избришете од социјалните мрежи за да го направите вашиот дом подобар, и ако Канје мисли дека на Ким и е подобро без мене, тогаш нека биде без мене. Се е во ред, дали изгледам дека страдам, како да чувствувам болка? Добро сум, ќе преживеам. Дали боли? Да. Но, дали имам доволно љубов на друго место? Имам. И ова ќе помине“, продолжи таа.

Ларса исто така откри дека била во врска со Тристан Томпсон пред тој да започне врска со Клои и дека го запознала со семејството Кардашијан.

„Некако се гледав со него пред Клои. Пред таа или која било од нив да знае дека тој постои. Дојде во Лос Анџелес за мене, го донесов на забава кај Ким. Ги запознав. Пред една недела или десет дена подоцна тој почна да се гледа со Клои. Во ред е, не ми е гајле. Јас не го бркам она што не е за мене“, рече таа.

Таа ги отфрли обвинувањата дека му се пуштала на Тревис Скот, обвинувајќи го дека го измислил тоа.

Слични содржини