Состојбата се влоши: Ким Кардашијан се бори со кожна болест

од Radmila Tasevska

Ким Кардашијан на социјалните мрежи објави како изгледаат последиците од болеста од која боледува од 2011 година.

Станува збор за псоријаза, хронична болест која погодува околу два до три проценти од светската популација. Може да се појави на која било возраст, иако во половина од случаите се појавува пред 25-тата година од животот.

Доаѓа до задебелување на делови од кожата, црвенило и лупење. Нелекуваната и неадекватно третирана псоријаза претставува голем психолошки товар и го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања и смртност.

„Нема да лажам, ова е болно. Не сум сигурна кои се моите предизвикувачи. Не ја сменив исхраната. Пробав сè! “, напишала таа.

Во 2019 година, таа за прв пат зборуваше подетално за нејзината дијагноза. Имено, таа раскажала како се разбудила во текот на ноќта и физички не можела да го земе мобилниот телефон.

„Мислев дека е чудно, но за време на спиењето се потпирав на рацете. Сепак, бев многу уморна и веднаш повторно заспав”, рекла таа.

Таа се разбудила наутро и сè уште не можела да го земе мобилниот телефон.

„Бев избезумена. Рацете многу ме болат. Како одминуваше денот можев се повеќе да ги движам, но сепак чувствував болка во коските”, рекла таа.

Слични содржини