Блинкен го повика Хамас да го прифати предлогот за прекин на огнот без одлагање

од Симе Стоиков

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен го повика палестинското движење Хамас да го прифати „без дополнително одлагање“ предложеното примирје со Израел, кое делумно се однесува на ослободувањето на заложниците во Појасот Газа.

Хамас претходно соопшти дека го проучува предлогот.

„Нема повеќе одложувања, нема повеќе изговори. Сега е време за акција“, им рече Блинкен на новинарите во Јордан непосредно пред да замине за Израел како дел од неговата седма регионална турнеја од почетокот на војната.

Бликен рече дека наскоро треба да се постигне договор.

Запрашан за намерата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да започне копнена офанзива во Рафах, Блинкен одговори дека приоритет на Вашингтон е да постигне договор за прекин на огнот.

„Тоа е најдобриот, најефективниот начин да се ублажи страдањето и да се создаде средина каде што можеме да се надеваме дека ќе се движиме кон нешто што е навистина одржливо и носи траен мир на луѓето на кои очајно им е потребен“, рече Блинкен.

Слични содржини