Горат 20 станбени згради во Русија

од Симе Стоиков

Руските пожарникари го локализираа пожарот кој зафати 20 станбени и помошни згради во југоисточната руска република Бурјатија, но нема извештаи за повредени или жртви.

„Министерството за вонредни ситуации ги зголемува силите и ресурсите на лице место“, соопшти Министерството, а пренесува РИА.

Соопштено е дека од пожарот биле зафатени околу 10.000 квадратни километри.

Федералната шумска служба соопшти дека можна причина за вонредната состојба е шумски пожар или мал пожар предизвикан од човекот.

До брзо ширење на пожарот доведе и силен ветер со налети од околу 28 метри во секунда.

Слични содржини